На социјалната мрежа Фејсбук денеска беше споделено видео на кое се гледа како македонски полициски службеници брутално тепаат човек среде улица. Во описот на видеото пишува дека претепаниот човек е всушност лице од ромска етничка заедница. Вечерва невладината организација „Аваја“ објави видео во кое сведочеа нападнатите лица, во кое таткотo, синот и третото лице кое било заедно со нив во автомобилот раскажаа што точно се случило.
-Наместо да ни помогнат тие почнаа да не удираат. Направивме сообраќајна несреќа, бевме малку пијани во автомобилот, по што удривме во бандера. Очекувавме полицијата да ни помогне по сообраќајната несреќа, а не брутално да не тепаат. Во полицијата никој не не прегледа. Вода побарав, вода не добив. Се иживуваа со нас и не држеа во станица до 5 саат сабајле – раскажуваа нападнатите лица, нагласувајќи дека биле нападнати без причина.
Видеото може да се погледне на следниот линк.