Маричиќ: Имаме апсолутна поддршка од ДУИ дека владеењето на правото е приоритет

by fokus

Во коалицискиот договор јасно дефиниравме дека законот ќе важи подеднакво за сите и дека правдата и владеењето на правото е приоритет заедно со економијата и европските интеграции и дека заедно тимски ќе работиме на спроведувањето на оваа задача. Апсолутна поддршка за тоа имаме од ДУИ, а тоа денеска го потврдивме и со заменик-министерот Агим Нухиу. Јас до сега немам дилеми за тоа.

Ова го посочи министерот за правда Бојан Маричиќ во вечерашната Анализа на ТВ 24 и додаде дека веќе три години во земјава нема пресуди по телефон на сметка на зголеманата борба за поголема ефикасност и независност на судството и воопшто не станува збор за базичното право на судиите да донесат одлука.

-Нема да има пресуди во четири очи, ниту на телефон. Очекуваме судиите да одлучуваат по своја волја и по закон без мешање на извршната власт и со задржување на поделбата на власта. Довербата во судството заначи доверба и во системот затоа што кога немаат граѓаните доверба во судството немаат ни во системот. Имаме предуслови довербата да ја качиме еден степен погоре, рече Маричиќ.

Според него, најдоборо би било Судскиот совет и Советот на јавнии обвинители да вршат ревизија на слуачите по случаен избор и да провери пет остот од предметите.

-Прво ДКСК треба да направи проверка на имотот, а од друга страна да започне филтрирање, проветрување или прегледување на оние случаи каде има голем застој или каде има застарување и има можност да се направи анализа од кои причини настанало, појасни Маричиќ.

За проветрувањето на судството нагласи дека ќе треба да се направи методологија заедно со и под иницијатива на Судскиот совет и на Советот на јавни обвинители.

-Имаме извештаи на Прибе и на Стејт депратментот во кои многу јасно се прецизирани структурите во судството и поединечни луѓе. Дел од тие веќе не се во дел од судството, поголемиот дел се, но покажавме дека судството има сила кога сака да реагира на тие случаи. Ако си ја завршат работата луѓето во Судскиот совет и во Советот на јавни обвинители и дадат резултати ќе се смени атмосферата и прецепцијата за судството, истакна Маричиќ.

Не е поентата, додаде, да има ваши и наши судии, туку судии кои се професионалци и работат по закон и испорачуваат ефикасна правда и судии и јавни обвинители кои биле под одредено влијание дали од политичка партија или бизнис или личен интерес.

Поврзани новости