Нападнат меѓународниот аеродром во Багдад

by fokus

Меѓународниот аеродром во главниот град на Ирак е под оган, јави Ал Џезира, цитирајќи извори од ирачката безбедносна служба.

Според телевизискиот канал, кон аеродромот, кој е во близина на американската воздухопловна база, биле истрелани шест ракети. Се посочува дека некои од нив паднале во близина на пистата и аеродромската зграда. Како резултат на тоа, оштетен е паркиран авион. Фотографиите обезбедени од изворот покажуваат дупка на трупот.

Гранатите биле пресретнати од ПВО системот.

Поврзани новости