Напад во руско училиште, 15 лица убиени и повеќе повредени

by Fokus

Бројот на загинати во пукањето во училиштето број 88 во Ижевск, во руската Република Удмуртија, се искачи на 15, објави Истражниот комитет.

Како што е наведено, вооружениот напаѓач, денеска, пред да изврши самоубиство, убил 15 луѓе, меѓу нив 11 деца, а повредил 24 лица.

Властите објавија дека напаѓачот Артем Казанцов, во своите рани триесетти, убил двајца членови на обезбедувањето, а потоа пукал кон ученици и наставници во училиштето број 88 во Ижевск, каде некогаш учел и тој.

Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков изјави дека рускиот претседател Владимир Путин „длабоко жали“ за убиените. Инцидентот го опиша како „терористички акт на лице, кое се чини припаѓа на неофашистичка организација или група“.

Како што тој додаде, по наредба на рускиот претседател Владимир Путин, лекари, психолози и неврохирурзи се испратени на местото на пукањето во Ижевск, околу 970 километри источно од Москва.

Поврзани новости