602
Владата усвои Акциски план за бесплатна вакцинација против грип за ризични групи за сезоната 2020/2021, според кој бројот на лица што ќе бидат опфатени со оваа бесплатна четиритипна вакцина против сезонски грип, од 20 000, се зголемува на 60 илјади граѓани.
Се работи за лица кои се во следните ризични групи: возрасни лица над 65 години, лица со хронични заболувања, здравствени работници, бремени жени и деца на возраст од 6 месеци до 5 години.