Родителите на Мицкоски кои имаат Ковид, хоспитализирани во Систина

by fokus

Родителите на Христијан Мицковски, лидерот на опозициската ВМРО ДПМНЕ се хоспитализирани во приватната болница „Аџибадем Систина“, јавува НОВА повикувајќи се на свои извори во болницата.

Според порталот и двајцата имаат Ковид-19, но веројатно се примени со други дијагнози како примарни, па изолирани во посебен дел, бидејќи болницата и официјално се изјасни дека нема да прима пациенти со Ковид, освен ако веќе не биле примени со друга дијагноза и се затекнале таму.

Мајка му е примена минатата недела, најверојатно на 24 јуни, а после неа и неговиот татко. Здравствената состојба на неговата мајка веќе била значително подобрена. Таа неколку дена пред приемот била позитивна на Ковид , информација која ја потврди и самиот Мицковски пред 10 дена при посетата на Струмица.

Тој тогаш рече дека не се видел со неа подолго време поради ризикот на кој е изложен од средбите и разговорите со повеќе луѓе и нагласи дека сите кои биле во контакт со неа се во самоизолација.

Поврзани новости