Наместо Ведрана, манекенки, инфлуенсерки и пејачки како водителки на Голден Карпет!

by Fokus

Со нов концепт кој гледачите за прв пат ќе имаат можност да го видат и искусат во Македонија, во февруари стартува најгледаниот ТВ магазин „Голден Карпет” на Канал 5 телевизија, концепт кој гарантира забава со најпознатите јавни личности од регионот, информираат од продукцијата.

Појаснуваат дека по разделбата со водителката Ведрана, која од оправдани причини го напуштила магазинот, „Голден Карпет“ продолжувал со нов уникатен концепт на овие простори – во секоја емисија со нова водителка.

-Секоја недела ќе ги замениме улогите со една јавна личност од понежниот пол која ќе ја добие можноста да биде од другата страна на микрофонот и да се испроба во водителскиот свет. Токму затоа секоја недела на Канал 5 телевизија во „Голден Карпет“ заедно со Миро прашањата ќе ги поставува позната личност од македонскиот шоу- бизнис и модниот свет. „Голден Карпет” или „Џ – Карпет” започна во 2020 година, во екот на пандемијата, и за овие 3 години стана препознатлив и еден од најгледаните ТВ магазини со одличен рејтинг, кој несомнено остави свој белег во македонскиот етер. Одлична забава, смеење, ексклузивни приказни, феноменални гости и несекојдневни содржини, овој пат ќе бидат спакувани во нов концепт – велат од продукцијата. Емисијата „Голден Карпет” ќе се емитува секоја недела во 19:30 часот на Канал 5 телевизија.

Вики Клинчарова

Поврзани новости