Ново бегство од затвор за еден месец

by Fokus

Уште едно бегство се случило од затворот Шутка во главниот град Скопје, пренесува Алсат ТВ.

Според информациите, осуденикот Ариф Алити пред два дена избегал од затвор, пет месеци пред да ја одлежи целосната казна.

Денеска, ВМРО-ДПМНЕ упати критики кон власта во врска со бегствата од затвор кои зачестија во последните месеци.

Поврзани новости