Откако Арсовска им стави клуч на салата, се огласи тренерот на РК Македонија ЃП: Ова не е првпат!

by Fokus

Ракометарите на Македонија ЃП и ЖРК Македонија ЃП останаа пред спортската сала, откако градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска и Град Скопје ставија клуч на салата „Кочо Рацин“ затоа што како што им било кажано во клубот, истата, била нефункционална и небезбедна за идни натпревари, иако салата со години ги задоволува условите за одржување на тренинзи и натпревари.

Тренерот на РК Македонија ЃП, Оливер Димитриоски за „Фокус“ вели дека ова не е прва ваква ситуација со која се соочиле, но верува дека истата во најбрз можен рок ќе се реши.

„Програмата беше да започнеме со тренинзи малку порано од очекуваното, но се случи што се случи. И порано имавме вакви турбуленции, ова не е првпат. Се надевам дека проблемот ќе се среди во наредните денови, за доброто на сите спортисти. Ако можеме во меѓувреме да користиме друга сала, ќе биде одлично. Но, верувам дека ќе се реши проблемот набрзо“, истакна Димитриоски.

Фото – Фејсбук на РК Македонија ЃП

Јорданчо Цветаноски

Поврзани новости