459
На платото пред Министерството за одбрана и Генералштабот на АРМ денеска ќе се одржи централната свеченост на која ќе се обратат претседателот на државата и врховен командант Ѓорге Иванов и Министерот за одбрана Зоран Јолевски.
Иванов, како што соопштија од неговиот кабинет, со Орден за воени заслуги ќе ги одликува Баталјонот на воената полиција и Инженерискиот баталјон при АРМ.
Инаку, прославата за Денот на АРМ беше откажана поради целата ситуација со поплавите кои го зафатија скопскиот регион, а министерот за одбрана, Зоран Јолевски рече дека сега не е време за славење.