Багери пак дојдоа да го рушат паркот во Тафталиџе, жителите во одбрана

by fokus

Багери и камиони утрово повторно ја посетија улицата Букурешка, во скопската населба Тафталиџе во обид да го срушат зелениот парк. Но, жителите од населбата по петти пат застанаа во негова одбрана и не им дозволуваат на багерите и камионите да почнат со копање на темелите на нова петктница на местото на сегашниот парк.

Градежните работници се тука и се чека полицијата за да им овозможи почеток на градбата.

Последниот ваков обид се случи непосредно по поплавите во Стајковце кога багерите наместо да бидат испратени во поплавените подрачја, беа донесени да го ископуваат паркот.

Поврзани новости