207
Министерството за внатрешни работи набави налепници со натписот NMK за регистарски таблички за сите оние кои имаат таблички со старата ознака МК.
Тендерот го доби фирмата „Квантум“ од Скопје заедно со германската компанија „ЕХА Хофман интернационал“ која ќе ги изработува табличките и налепниците. Набавката изнесува речиси 2,3 милиони евра, а договорот е за период од три години.
Обврската произлегува од Преспанскиот договор, што Македонија го склучи со соседна Грција.
Земјата има рок од пет години, односно до 12 февруари 2024 да ги промени документите. МВР се одлучи наместо нови таблици со ознака НМК, возилата да добијат само налепници.