Намален кредитниот рејтинг на Македонија

by fokus

Кредитниот рејтинг на Македонија паддна од ББ+ падна на ББ, објави вчера рејтинг ангенцијата „Фич”,

Рејтингот на долгорочните обврзници во локална и странска валута е исто така намален од од „ББ+“ на „ББ“.

Намалувањето на кредитниот рејтинг на  земјата се должи на политичката криза  и корупциските скандали кои започнуваат во февруари 2015-та, нотира „Фич.

 Како причина за намалувањето на кредитниот рејтинг се наведува и неуспехот на договорот од Пржино од минатата година и неуспешните обиди да се одржат предвремени парламентарни избори во април и јуни оваа година.

Рејтинг агенцијата ги бележи и повеќемесечните протести, бојкотот на Парламентот од страна на главната опозициска партија и опструкциите врз Специјалното јавно обвинителство.

Во соопштението на агенцијата се споменува и последното задолжување од 450 милиони евра во јули, кое поради политичката криза е со повисока камата.

Поврзани новости