425
Нуркачите од Нуркачкиот центар АМФОРА од Охрид во Музејот на вода традиционално и оваа година ја накитија подводната новогодишна елка и со тоа на сите граѓани на Република Македонија им ја честитаат Новата 2023 година, порачаа денеска од Нуркачкиот центар.
Како и секоја, и оваа Нова 2023 година нуркачите од Амфора им ја посветуваат на децата со ретки болести со желба за здравје, успех и среќно детство.
Посетителите на Музејот на вода елката ќе можат да ја видат од денеска па се до крајот на јануари.