709
Во Македонија постојат десетици фирми за обработка на канабис, за медицински потреби, а според премиерот Заев, нашата држава е поволен простор за таква работа.
„Северна Македонија е најпривлечна дестинација за медицински канабис. Во тие фирми луѓето, што се со средно образование, земаат од 700 до 1500 евра плата. Останатите што се специјализирани за таа област имаат и повисоки плати“, истакна Заев.