Најотпорни на коронавирусот се децата, а најфатален е за возрасните над 80 години

by fokus

Најотпорни на коронавирусот се децата, а најфатален може да биде за повозрасните. Ова го покажува статистиката на досега заболените и починатите од вирусот.

Досегашните податоци на смртни случаи од коронавирусот покажуваат дека 14,8 отсто од заболените имале над 80 години. Овој процент се намалува како што се намалува и возраста на заразените. Па така, досега умреле 8 отсто од заболените на возраст од 70-79 години, 3,6 проценти од оние на возраст од 60-69 години, 1,3 отсто на возраст од 59 – 59, 0,4 проценти на возраст од 40-49, 0,2 отсто од оние на возраст од 10 до 39 години. Засега нема смртни случаи кај децата до 9 години.

Според полот пак, поголем е бројот на починати мажи. 

И досега беше познато дека коронавирусот е пофатален за оние кои боледуваат од други болести.

Податоците покажуваат дека 10,5 отсто од заболените кои веќе боледувале од кардиоваскуларни болесни умреле од коронавирусот. 7,3 проценти кои имале дијабетес, 6,3 отсто со хронични респираторни болести, 6 проценти со хипертензија, 5,6 отсто кои имале рак, а само 0,9 од умрените немале хронични болести пред коронавирусот.

Поврзани новости