Во четврток нова промена на времето: Врнежи од дожд и снег и пад на температурите

by fokus

Во текот на денешниот ден ќе имаме сончево и натпросечно топло време со мала до умерена локална облачност. Доцна попладне и навечер локално ќе има нешто повеќе облаци, сепак врнежи не се очекуваат. На повеќе места ќе дува умерен ветер од јужен правец и истиот повремено ќе засилува на интензитет. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 12 до 19 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и релативно топло со умерена облачност, повремено и локално облачноста ќе биде малку позначителна. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец кој ќе засилува повремено. Максималната дневна температура ќе се искачи до околу 16 степени.

Утре доцна попладне и навечер од запад ќе започнат повремени локални врнежи од дожд, на планините од снег, ќе дува засилен ветер од јужен и од југозападен правец. Максималните дневни температури ќе се искачуваат во интервалот од 13 до 20 степени. Во четврток на повеќе места ќе има повремени врнежи од дожд, на повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег. Особено на запад и на север снежната граница има услови да се спушти и под 1000 м.н.в.

Максималните дневни температури во четврток значително ќе опаднат, односно истите ќе се искачуваат во интервалот од 3 до 10 степени. Во најтоплите предели од државава ќе биде потопло и истите се очекува да се искачат до околу 14 степени. Услови за повремени локални врнежи од дожд и снег на планините и тоа претежно на запад и на север ќе има и во петок.

Подготви: Славчо Попоски

Поврзани новости