ДИК: Пендаровски води, со Силјановска Давкова одат во вториот круг

by Fokus

Според обработените речиси 98 отсто од гласачките ливчиња во ДИК, во водство е кандидатот на Стево Пендаровски со 316.716 гласови, пред Гордана Силјановска Давкова со 315.651 гласови и Блерим Река со 76.697 гласа. Излезноста е 42,03 отсто, а бројот на неважечки ливчиња е 32.275 или 4,36 отсто.

Претседателот на ДИК Оливер Дерковски на прес конференцијата рече дека денешниот изборен ден поминал во добра и мирна атмосфера, без посериозни забелешки од никој од ученсниците во кампањата нуту од набљудувачите.

-Сметам дека ја постигнавме целта од аспект на ДИК да спроведеме чисти, фер и коректни избори, рече Дерковски.

Тој се заблагодари до сите учесници што се држеле до Кодексот за фер и демократски избори.  Тој изрази надеж дека и вториот круг во кој најверојатно ќе влезат двајцата кандидати Стево Пендаровски и Гордана Силјановска Давкова ќе помине  во мирна, фер и коректна атмосфера.

Поврзани новости