610
Од новопотврдените 59 заболени од Ковид-19 во Скопје, најмногу се во Чаир, каде регистрирани се 12 случаи, по што следуваат Центар и Бутел со по 10, информира директорот на Центарот за јавно здравје – Скопје, Арбен Зибери.
Потоа, по 5 новозаболени има во Аеродром и во Гази Баба, по тројца во Кисела Вода и Сарај, двајца во Карпош и по еден во Петровец, Ѓорче Петров, Шуто Оризари и Студеничани.
Притоа, најголемиот број на заразени во Скопје се членови на исти семејства, односно регистрирани се 15 фамилии од кои потекнуваат 90 проценти од новозаболените во градот.