Инспектори биле спречени да влезат во објект на Боемска, внатре бил Мицкоски?

by Фокус

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски бил во затворен дел на угостителски објект на улицата Боемска во Дебар Маало, во време кога инспектори на Пазарната инспекција биле спречени да извршат контрола, објавија дел од медиумите. Инспекторката Маја Продановска потврди дека нејзините колеги забележале политичар како излегува од објектот, но не потврди за кого станува збор.

-Колегите се обиделе да извршат контрола, но биле спречени со образложение дека затворениот дел не работи и дека не може да се пристапи. Потоа, колегите продолжија во другите угостителски објекти да вршат контрола, но се вратија на исто место и замолија да им се отвори објектот. По два и пол часа влеговме во објектот. Препознаен е политичар, претседател на политичка партија – рече Продановска.

Притоа, таа апелираше политичарите и сите граѓани да внимаваат на однесувањето и да ги почитуваат препораките, а за угостителскиот објект најави кривична пријава за обавување на дејност и за спречување на испекциски надзор.

Поврзани новости