462
Средношколците и студентите, кои прототестираат против владините мерки во образованието, се споија пред владата, каде едни на други предадоа факел што го запалија за симболично да го најават нивното здружување во најголемиот протест досега, откако започна незадоволството од образовните власти.
Тие скандираа дека нема сила која ќе го сопре гласот на студентите и истовремено побараа оставка од владата.
Моментално, тие се упатуваат кон Министерството за образование.