Најмалку тројца загинати откако автобус излета во провалија во Истанбул

by fokus

Најмалку три лица загинаа во автобуска несреќа што се случи денеска во Истанбул, јави турската новинска агенција Анадолија.

Патнички автобус на линијата Черкежка-Ајдин излетал од патот што води кон автопатот Кузеј-Мармара и паднал во провалија длабока 30 метри.

Според првичните информации, во инцидентот се повредени 18 лица кои се згрижени во болниците во Истанбул.

Истрагата е во тек, а сообраќајот на тој дел од патот привремено е во прекин.

Поврзани новости