Најмалку три деца повредени во пукање во основно училиште во Финска

by Fokus

Најмалку три деца се повредени утрово во пукање во училиште во Финска. Полицијата добила пријава за пукање во основното училиште Виертола во Вантаа во 8:08 часот. Осомничениот е приведен и се здобил со повреди.

Локалните жители се замолени да се држат настрана од областа, пишува Sky News. Финската телевизија MTV Uutiset објави дека службите за итни случаи, вклучително и вооружени полицајци, биле на местото на настанот.

Некои деца наводно се криеле за време на нападот, а други гледале што се случува. Станува збор за училиште кое се наоѓа во предградието на Хелсинки со 800 ученици и 90 вработени, во кое учат ученици на возраст од седум до 16 години.

Очевидци изјавија за јавниот сервис на YLE дека неколку возила на брза помош го напуштиле местото на настанот. Полицијата соопшти дека сите кои биле затекнати во инцидентот се малолетни.

Поврзани новости