Најмалку 160 жртви во Париз

by Фокус 10:43
10:43

Во терористичките напади ширум Париз се убиени најмалку 160 лица, соопштија француските власти.

Француските специјалци ги неутрализирале напаѓачите кои во концертната сала убие 120 заложници, јавуваат француските електронски медиуми, напоменувајќи дека имало жртви и во пукањето пред ресторанот. Бомби се детонирани и кај стадионот „Франција“ во текот на фудбалскиот натпревар меѓу Франција и Германија.

- Advertisements -

Властите прогласија вонредна состојба и најавија „немилосрдна“ војна против терористите. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападите.

Лидерите на Германија, Турција, Русија ги осудија нападите и понудија помош на Франција.

Со соопштение се јави и македонскиот претседател.

„Во овие тажни мигови за Вас и граѓаните на Француската Република, дозволете ми, во името на граѓаните на Република Македонија да упатам длабоко сочувство. Нашите мисли и молитви се со Вас и семејствата на настраданите и повредените“, пишува во соопштението од кабинетот на Претседателот Иванов.

Поврзани новости