Најмалку 16 луѓе се повредени и хоспитализирани откако непозната хемикалија испарила во Тухељски Топлице на северот од Хрватска, во близина на границата со Словенија.
Хрватските медиуми пишуваат дека инцидентот се случил попладнево, а евакуирани се сите гости, главно туристи од Словенија, Италија и Германија. Повредените главно се жалат на проблеми со дишењето.
Вкупно 14 луѓе се згрижени во Општата болница Забок, а двајца се префрлени на лекување во Загреб.
Директорот на болницата Забок, Тихомир Ванчина, изјавил дека еден од повредените е примен на одделението за интензивна нега. Имал тешкотии во дишењето и превентивно е хиспитализиран на тоа одделение.
Од другите пациенти, двајца се на кислородна поддршка.
Пријавата дошла од вработени и посетители, кои се пожалиле на непријатен мирис на хемикалија, но и на респираторни проблеми кај гостите кои во тој момент се наоѓале во просторот за капење.