Најголем прекин на струја од почетокот на војната, Зеленски бара помош

by Фокус

Две третини од Киев сè уште е без електрична енергија, еден ден откако насилните руски ракетни напади ги предизвикаа најголемите прекини во главниот град во изминатите девет месеци откако е почната војната.

Температурите во текот на ноќта паднаа под нулата, а улиците на главниот град утрово се замрзнати, јавува Скај њуз.

Градоначалникот Виталиј Кличко рече дека електричарите работат на поправки „што е можно поскоро“, но додаде дека ситуацијата „во голема мера зависи од националната електрична мрежа“.

Кирил Тимошенко, заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, објави дека е вратена електричната енергија во регионите Кировоград и Виница.

Во меѓувреме, гувернерот на јужниот регион Миколаив, Виталиј Ким, апелираше до Украинците што помалку да користат струја.

Поради руските напади, снабдувањето со електрична енергија на околу 10 милиони потрошувачи беше подолго време во прекин.

Во исто време, националниот оператор на Украина, кој ја снабдува земјата со електрична енергија, објави дека ќе мора да прибегне кон дополнителни прекини на струја низ целата земја.

Украинскиот претседател Владимир Зеленски го повика Советот за безбедност на ОН да дејствува против Русија поради воздушните напади врз цивилната инфраструктура, кои предизвикаа масовни прекини на струја ширум Украина и соседна Молдавија.

Поврзани новости