Најголем број заразени, освен во Скопје, има во Прилеп, Тетово, Куманово, Битола и Велес

by fokus

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 53.631, бројката на оздравени пациенти е 31.659, а на починати е 1.487.

Во моментот пак има 20.485 активни случаи, од кои најголемиот дел, речиси половина, се од Скопје, односно 9.854.

По главниот град, со најголем број на заразени се градовите: Прилеп со 998, Тетово со 979, Куманово со 922, Битола со 808 и Велес со 771 заразен.

Поврзани новости