Ангелов: Го разгледавме Акцискиот план, Армијата ќе и асистира на полицијата

by fokus

Вчера ја одржавме првата седница и го разгледавме предлог Акциониот план. Планот ќе треба да се разгледа од страна на управувачкиот комитет пред да стапи на сила, рече за медиумите Стојанче Ангелов, раководител Главниот Штаб за управување со кризната состојба.

„Ќе побараме од Советот на невладини организации да се приклучи и нивен член“, дополни тој.

На состанокот на кризниот штаб била разгледана потребата од учество на Армијата, за што дополнително ќе бидат утврдени здравствените објекти, што ќе треба да бидат обезбедувани од војниците.

„Во кризна состојба армијата може да даде поддршка. Армијата ќе и асистира на полицијата во обезбедувањето кога ќе биде потребно. Ние имаме продолжување на мерките кои се даваат во друга форма на веќе постоечките. На почетокот на пандемијата кога беше воведена вонредна состојба тоа беше направено затоа што имаше техничка влада. Бидејќи уредбите мораа да се носат само во таа состојба.Сега нема потреба од вонредна состојба, туку кризна состојба , а алатките што ги има Владата се слични како во вонредна состојба“, објасни Ангелов.

Поврзани новости