Најголем број од заразените од Ковид-19, над 25%, се на возраст од над 60 години

by fokus

Според неделниот извештај на Институтот за јавно здравје, во текот на изминатата недела биле направени вкупно 13.022 тестови за Ковид-19, што е зголемување од 20,8% во однос на минатата недела.

-Регистриран e 2.471 нови позитивни случаи од 34 градови во државата со зголемување од 6,1% во однос на минатата недела. Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје (46,1%), а највисока неделна инциденца од 307,6/100.000 е регистрирана во Берово. Процентот на позитивни од тестирани во споменатиот период изнесува 19%, се вели во извештајот.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи.

-Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 (25,2%). Голем број на заболени се регистрира и кај лицата во возрасните групи од 40-49 (19,0%), 50-59 (18,4%), 30-39 (18,4%) и 20-29 (13,4%). Најмал број е регистриран кај децата од 0-9 (1,6%) и 10-19 години (4,0%), се посочува во извештајот,

Поврзани новости