Најчевска спреми формулар за сите обесправени гласачи

by fokus 22:38
22:38

Професорката д-р Мирјана Најчевска на социјалните мрежи објави формулар за сите граѓан(к)и кои, без своја вина, во недела нема да се најдат на Избирачкиот список и на кои нема да им биде овозможено да го остварат своето право на глас.

Во продолжение го пренесуваме формуларот во целост:

- Advertisements -

-Со цел да се направи проверка дали постојат елементи за сторување на кривичното дело „Повреда на избирачкото право“ предвидено со членот 159 став 1 од Кривичниот законик, јас,

________________________________________________, долу десно на ова писмено потпишаниот гласач на Република Македонија, на 11 декември 2016 година излегов да гласам на парламентарните избори и се соочив со факт дека не фигурирам на Избирачкиот список со кој избирачките тела располагаат на Гласачкото место бр. ______ .

Поради тоа, побарав тоа да се утврди како факт и да ми биде потврдено во оваа, писмена форма.

Следствено:

г. / г-а ________________________________________________

долу лево потпишаниот во својство на

______________________________________________________

со ова ПОТВРДУВА дека иако уредно се легитимирав со важечка лична карта __________________ и согласно моето живеалиште, би требало да бидам на Избирачкиот список на ова Гласачко место – сепак, по извршената проверка, не бев најден на истиот, и од таа причина не ми беше овозможено да го реализирам своето активно гласачко право.

Скопје, 11 декември 2016 година

За Избирачкиот одбор Гласач

_______________________ ______________________

Доколку овластените претставници на Избирачкиот одбор одбијат да го потпишат овој формулар, според професорката, може да се потпишат двајца сведоци (најдобро од редот на набљудувачи на местото).

Така потпишаната потврда би била доказ за изборни нерегуларности.

Поврзани новости