Најчевска: Оваа власт си влезе во чевлите на претходната и си рече „ау што убаво се разгазени“

by fokus

Професорката, Мирјана Најчевска, ја обвини извршната власт за пресудата за случајот против новинарот, Драган Павловиќ Латас, посочувајќи дека не се извршени потребните реформи во судството.

– Oваа власт си влезе во чевлите на претходната власт и си рече „ау што убаво се разгазени“ – рече Најчевска додвајќи дека груевизмот се уште не е демонтиран.

-Заглавени сме во дупка на неказнивост, оваа власт не го направи она за што беше донесена од граѓаните. Дури и Скопје 2014 се уште стои. Тргнаа спомениче, насадија дрвце, и леле што направивме, а сега слушам дека и илјадници евра ќе треба да се одвојуваат за одржување на Скопје 2014 – рече Најчевска.

Во прилог на нејзиното тврдење таа додаде дека актуелната Влада го продолжува проектот кој го започна Груевски за преведување на познати научни дела.

-Во буџетите за 2018, 2019, 2020, 2021, 2022 е предвидено продолжување на еден од најидиотските проекти и најпонижувачки проекти што ги смисли Груевски за превод на познати научни дела, кои потоа ни ги наментуваат на нас професорите да можеме да ги користиме во нашата настава. Не само што продолжува, туку се даваат повеќе пари, без воопшто да се консултираат со нас, со академската фела за користа од овој проект. Продолжуваат истите програми, на ист начин продолжува работата – рече Најчевска во вечерашното гостување на ТВ24.

Поврзани новости