Најчевска ќе ја предводи работната група која ќе ги постави правилата за работа на Советот

by fokus

Постигнат напредок со формирање на работна група за дефинирање на правилата на работа на Советот за реформи во правосудството, соопшти Љубомир Фрчкоски по денешната седница на Советот која ја дефинираше како тензично-конструктивна.

Работната група, со која ќе раководи професорката Мирјана Најчевска, треба до крајот на месецов да ги изготви и предложи правилата. Сепак, Фрчковски рече дека останува да се види дали истите ќе бидат донесени пред нова година.

-И конечно на следниот состанок во рамките на правилникот за работа, кој Најчевска ќе ни го предложи ќе почнеме да расправаме и за составот на работните групи кои треба да ги направат законите. Првично одлучивме членовите на советот да влезат во сите работни групи, таму каде што ги нема, а потоа ќе расправавме и за потребата од бројот на работните групи, дали треба нови, дали некои треба да се укинат, кој треба да ги води… Тоа ќе остане за следните седници. Договориме да се среќаваме почесто и погусто за да може тие планови што сега ги направивме да ги спроведеме – изјави Фрчкоски.

Поврзани новости