Заменик-министерот за правда, Оливер Ристовски во вечерашното гостување на телевизија Телма рече дека според планот 3-6-9, СЈО ќе стане дел од Основното јавно обвинителство.
Се работи на решавање на статусот на Специјалното јавно обвинителство во планот 3-6-9. СЈО ќе стане дел од Основното јавно обвинителство. Се надевам дека тоа ќе се случи во 2019 година, рече Ристовски.
- Advertisements -
Тој додаде дека се уште се работи на дефинирање на оваа реформа, а можно е СЈО да има иста автономија како и ОЈО, односно да бидат на исто ниво, а СЈО ќе работи на висока владина корупција.