Најчевска ги тужи сите членови на ДИК откако ја прогласија за фантом

by fokus

Универзитетската професорка и борец за човекови права Мирјана Најчевска поднесе тужба против сите членови на Државната изборна комисија, откако беше избришана од Избирачкиот список.

-Кривичната пријава ја поднесувам заради тоа што сум противуставно и противзаконски избришана од Избирачкиот список на Република Македонија од страна на членовите на Државната изборна комисија, со што тие ја злоупотеебиле својата положба- пишува Најчевска на својот блог „Квадратура на кругот”.

Таму таа наведува низа аргументи за нејзината кривични тужба против Александар Чичаковски, претседателот на ДИК и сите членови на комисијата.

Инаку, освен Најчевска на списокот со спорни гласачи се најдоа уште неколкумина познати јавни личности. Веднаш по објавувањето на електронскиот список, Најчевска изјави дека нема намера да се пријавува во ДИК и да докажува дека не е фантом.

Поврзани новости