СДСМ: Власта си намести нови сваровски-судии

by fokus 18:21
18:21

Од СДСМ реагираа на денешниот избор на 25 нови судии во судовите во повеќе градови во земјава. За опозицијата ова е уште еден удар на власта врз судството во државата, бидејќи како што тврдат, избрани се судии кои се нејзини послушници.

-Паниката на осомничениот за тешки криминали, Никола Груевски, секој ден е сè поголема. Веднаш откако се распишаа изборите, проработеа тефтерчињата на осомничените од ВМРО-ДПМНЕ и преку послушниците од Судскиот совет се избраа нови 25 сваровски-судии. Сега е доцна, цела Македонија и светот слушна за нивните криминали и злоупотреби. Ништо не ги спасува осомничените криминалци од ВМРО-ДПМНЕ. Сите ќе одговараат пред законите и од тоа бегање нема-реагираат од СДСМ.

Поврзани новости