Груевски во Берлин на средба со сестринските партии

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, по денешната средба со Андреас Шојер, генерален секретар на Христијанско-социјална унија (ЦСУ) во Берлин изјави дека таму отишол за на сестринските партии да им ја објасни состојбата во Македонија.

-Во пресрет на изборите, сакавме да ги објасниме сите работи што се случуваа во минатото, оние што се случуваат сега и оние што очекуваме да се случат во иднина во Македонија, пред сè во правец на излез од политичката криза и во правец на организирањето на изборите, а секако и во правец на зајакнување на односите помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и нашите сродни сестрински партии ЦДУ и ЦСУ, како и во еден поширок контекст на подобрување на односите помеѓу Германија и Македонија- изјави Груевски.

Делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од претседателот Никола Груевски во наредните три дена ќе се сретне со германски политички и стопански претставници.

Поврзани новости