Награди на ЕУ за истражувачко новинарство-прва награда за ИРЛ, втора за „КОД“, трета за „360 степени“

by fokus

Ја промовираме слободата и одговорноста на новинарите да истражуваат и да пишуваат без страв на теми од јавен интерес Одговорноста на новинарството, а особено на истражувачкото новинарство е да ги примени највисоките професионални и етички стандарди во работата за нивните текстови да бидат прецизни, авторитетни и засновани на факти.

Ова го изјави меѓу другото, евроамбасадорот Дејвид Гир на денешното доделување на ЕУ наградите за истражувачко новинарство за 2019 година на свеченоста во организација на Самостојниот синдикат на новинaри и медиумски работници.

Од пристигнатите 24 стории на различни теми на конкурсот објавен во јуни, во претселекцијата избрани се 11 во потесен избор, а наградени се три, според одлуката на тричленото жири со кој претседавала Весна Никодиновска од МИМ и членовите Марина Костова од „Сакам да кажам“ и Милица Шариќ, новинарка од Србија.

Првата награда е за видео-сторијата „Урбани атентатори“ изработена од тим од Истражувачката репортерска лабораторија за „урбаната мафија“ во промената на ДУП-от на Тафталиџе. Втората награда ја доби видео-сторијата на Снежана Лупевска, Билјана Николовска и Миомир Серафиновиќ за емисијата „КОД“ во која се откриваат пропусти во правосудниот систем во докажувањето на вина на двајцата осудени на доживотен затвор за убиствата на жените во кичевско кои беа поврзани и со кичевскиот новинар, Владо Таневски.

Третата награда видео-сторијата за процесот на денационализација на Петар Клинчарски од редакцијата „360 степени“.

Поврзани новости