Заев: Договорите со Грција и Бугарија не се само буква на хартија, верувам во решение

by fokus

Нашите силни аргументи се дека договорите со Грција и Бугарија не се само буква на хартија, тие се реализираат во сите аспекти. Со Бугарија имаме решено неколку историски периоди, поглавја, се што е решено да се имплементира, изјави премиерот Зоран Заев кој вели дека верува ќе се најде решение со Бугарија и верува дека соседната земја нема да не блокира на патот кон Европската унија.

– Верувам дека не е во интерес на ниту еден од народите, ние како Македонци никогаш не би го направиле тоа на нашите браќа Бугари. Благодарен сум на нивните и нашите институции така да секогаш е добро да се решаваат работите. Гледам на позитивната страна од медалјата, верувам во европските вредности на двете земји, рече Заев за најавите на официјална Софија за блокирање на преговорите.

Заев попладнево со министерот за надворешни работи и вицепремиерот за европски прашања имаше онлајн средби со челниците на кои било кажано дека наскоро ќе се одржи меѓувладина конференција како почеток на нашето интегрирање во ЕУ.

Поврзани новости