Надзорната собраниска Комисија ја посети УБК

by Фокус

Собраниската комисија за надзор на работата на УБК денеска на своја иницијатива ја посети оваа институција. Во просториите на УБК се одржа работна средба на која од страна на Управата беше презентирана актуелната безбедносна состојба во Македонија од аспект на екстремизам, тероризам, илегална миграција и бегалската криза и  активностите што Управата согласно законските надлежности ги презема на планот за спречување и детектирање на заканите и ризиците од загрозување на уставното уредување на Македонија, вклучително и тероризмот.

Како што соопштија од МВР, посебен акцент е ставен на мигрантската криза како актуелен безбедносен проблем особено од аспект на можно инфилтрирање на странски терористички борци меѓу мигрантите. Била потенцирана и потребата од зголемување на мерките и активностите во правец на идентификување, превенција и пресекување на протокот на борци кои доаѓаат од кризните жаришта.

Поврзани новости