Арсовска: Забранив да се издаваат документи со лични податоци

by Фокус

Министерската за информатичко општество и администрација, Марта Арсовска Томовска, одговори на обвинувањата на заменик-министерот Кирацовски, кој рече дека таа им испраила допис на административците со кој му го ограничува пристапот до документи.

-Во врска со пресконференцијата на дополнителниот заменик на министер Александар Кирацовски, не сум запознаена со содржината на истата, но доколку навистина има наведено дека сум забранила да му доставуваат податоци и дека сум забранила умножување на истите би сакала да истакнам на 08.02.2016 година доставив известување до сите вработени, кое е доставено и до дополнителниот заменик на министер со кое ги известив вработените да запрат со издавање на било какви документи кои содржат лични податоци, а во кое известување а со цел да се почитуваат одредбите од Законот за Владата на Република Македонија им укажав на вработените по претходна достава на мене лично да му овозможат пристап до сите документи кои може да ги разгледува но не и да ги умножува, при што вработените имаат единствено насока да направат службена белешка во која ќе наведат кои документи се умножени, се вели во реакцијата на министерката.

Арсовска Томовска објаснува дека ова нејзино известување до вработените следувало откако на една од пресконференциите која ја одржал дополнителниот заменик на министер надвор од просториите на министерството, во присуство на лица кои не се вработени во министерството, а без присуство на лицата кои се задолжени со предметите, презентирани биле службени документи, кои содржеле лични податоци за вработени во други институции, а потоа истите биле дистрибуирани до медиумите.

Поврзани новости