Надвор е под нулата, демонстрантите си запалија оган

by fokus

Протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред Државната изборна комисија, продолжува да трае и по два часот по полноќ, а температура надвор е под нулата. Демонстрантите кои се уште свират со зурли, играат ора и пеат, пред седиштето на ДИК си запалија и оган.

Како што кажаа нивните фунционери, тие остануваат тука ако треба цела ноќ , се дури не се сигурни дека никој нема да им ја украде „победатa”.

Во меѓувреме, во ДИК  се врши увид во спорниот изборен материјал и се брои ливче по ливче. Предмалку со апсолутно мнозинство членовите на ДИК го одбија и третиот од вкупно осумте приговори поднесени од СДСМ.

Фото: Нова ТВ

Поврзани новости