409
Протестот на ВМРО-ДПМНЕ пред Државната изборна комисија, продолжува да трае и по два часот по полноќ, а температура надвор е под нулата. Демонстрантите кои се уште свират со зурли, играат ора и пеат, пред седиштето на ДИК си запалија и оган.
Како што кажаа нивните фунционери, тие остануваат тука ако треба цела ноќ , се дури не се сигурни дека никој нема да им ја украде „победатa”.
Во меѓувреме, во ДИК се врши увид во спорниот изборен материјал и се брои ливче по ливче. Предмалку со апсолутно мнозинство членовите на ДИК го одбија и третиот од вкупно осумте приговори поднесени од СДСМ.
Фото: Нова ТВ