525
Се удави седумгодишно момче во кумановско Никуштак, откако го повлекла надојдената вода.
Попладнево, Алмир со својот брат една година постар, се движел кон училиштето. Во моментот додека се движеле, наишла вода од врнежите која ги повлекла и двајцата. Случаен минувач успеал да го спаси само едното дете.
Ова е првата жртва по која поплавите посегнаа во Македонија.