Надал со критики за Ѓоковиќ

by Fokus 10:13
10:13

Дваесеткратниот освојувач на Грен слем трофеи, Рафаел Надал го критикуваше Новак Ѓоковиќ за однесувањето на Олимпијадата во Токио.

Србинот го фрли својот рекет на трибините во мечот за бронзата.

- Advertisements -

– За среќа, немаше никој таму и ништо не се случи. Но, овие работи се случуваат понекогаш. Се разбира, треба да се обидете да ги избегнете. Ова не е добро за сликата, и подобро е да избегнувате такви ситуации – особено кога сте пример за многу деца. Малку е чудно да се види како успешен играч понекогаш реагира на овој начин, истакна Надал.

Шпанскиот тенисер одлучи да ги пропушти Олимписките игри, а Ѓоковиќ пред Токио 2020 изјави дека најдобрите тенисери ќе бидат присутни на најголемиот светски спортски настан.

Поврзани новости