Граѓаните возат брзо, полицијата казнува

by Fokus

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 402 возачи.

Од нив, како што се наведува во соопштението од МВР, 48 возилa се движелe со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а девет возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта, стои во соопштението. 

Поврзани новости