Надал: Психички сум уништен

by Fokus

Шпанскиот тенисер Рафаел Надал рече дека е „психички уништен“, стравувајќи од ново долго отсуство од теренот, откако се повреди при денешниот пораз од Американецот Мекензи Мекдоналд во 2. коло на грен – слем турнирот Австралија опен на кој не успеа да ја одбрани титулата.

„Не можам да лажам дека животот е фантастичен, дека мора да останете позитивен и да продолжите да се борите. Не сега. Утре е нов ден, но тешко е. Во прашање е повреда. Морам да признаам дека психички сум уништен. Се надевам дека не е премногу сериозно. Последните три недели беа прилично позитивни и се надевам дека оваа повреда нема да ме одвои од теренот предолго, бидејќи ќе биде тешко повторно да се мине низ целиот период на рехабилитација“, изјави Надал на конференција со новинарите во Мелбурн.

Поврзани новости