Над 90 отсто од вработените во затворите се нездоволни од платата

by Фокус

46 отсто од вработените во затворите покажале незадоволство од работата, а над 90 отсто се назадоволни од платата. Повеќе од половина сметаат дека нивниот придонес не се цени во установата. Ова се резултатите од истражувањето „Ставовите на вработените во пенитенцијарните установи во Македонија”, кое го спроведе Факултетот за безбедност.

Заклучот од истражувањето е дека да работите во затвор е една од најстресните професии во Република Македонија и таа е проследена со психосоматски состојби кај вработените. На денешната презентација на резултатите од истражувањето беше побарано државата да обрне внимание за условите во кои работат овие луѓе.

-Оваа книга, овој извештај од истражувањето, вие директори на затворите да си ја земете, да си ја исчитате и да седнете да разговарате со вашиот персонал, рече професорот Љупчо Арнаудовски.

Освен подобри услови за работа, покачување на мизерните плати, остручување, едукација и обука во нормални услови – секој со стандардни 30 затвореници, а не обуки какви што се спроведуваат во затворите колку да се рече, со 150 осудени лица на еден вработен, беше побарано вработените да бидат вклучени и во управувањето и менаџирањето со затворите. Според резултатите од истражувањето, тие се тргнати настрана и се информирани исто колку и затворениците.

Поврзани новости