Дел од акционерите во Макпетрол ја поддржаа тужбата против менаџментот

by Фокус

Шеснаесет мали акционери во „Макпетрол“ денеска одржаа пресконференција на која се произнесоа и ја подржаа тужбата против менаџментот на компанијата. Тие велат дека се револтирани што не биле прашани за формирањето на командитното друштво „Оилко“ во кое, според МВР, незаконски се прелевал капиталот.

-При формирање на „Оилко“ беше кажано дека се формира од две причини: да се заштити „Макпетрол“ од непријателско преземање и да се спречи криминалот на „Млаз Богданци“. Она што го знам е дека додека за „Макпетрол“ возеа „криминалците“ од „Млаз“, имаше заработка и се делеше дивиденда. Откако возат за „Макпетрол“ „поштените“ од „Оилко“, не може да излезе од загуба, вели Влатко Трајчевски, кој 30 години работел во Макпетрол, а бил избракан откако за проблемите проговорил на едно од собранијата на акционери.

Тој додаде дека компанијата е пред стечај и дека зад дезинформациите дека странска фирма е заинтересирана за „Макпетрол“, стојат всушност менаџерите кои сакаат да се заштитат себе и своите фотелји.

Поврзани новости