Ванхојте: Една од најголемите партии не го почитува договорот

by Фокус 18:31
18:31

-Во принцип кога преговарате, велите зборот е збор. Ако се согласите за нешто, треба да се придржувате до тоа. Ако се договорите за крајниот рок, тој треба и да го почитувате. Во овој момент можам да кажам дека една од најголемите партии не почитува никаков краен рок и не го почитува договорот. Ова не е начин на кој треба да се преговара, изјави  Питер Ванхојте, посредникот во преговорите за спроведување на договорот од Пржино.

На новинарско прашање која е партијата која не си стои на зборот, белгискиот експерт рече „Ваша работа е да откриете која е таа партија“.

- Advertising -

Вечерва ќе продолжат преговорите, а Ванхојте информираше дека подготвен е предлог за промена на законот за да се овозможи избор на Специјалниот обвинител, а разговарано е и за одредени имиња.

Прашањето за тоа дали и колку заменици ќе има Специјалниот обвинител останува нерешено, но белгискиот експерт очекува вечерва да се дојде до договор и на таа тема.

 

Поврзани новости