Над 9.000 заразени и во Србија, скратен карантинот

by fokus

Во Србија во последните 24 часа 27.290 луѓе биле тестирани на коронавирусот, а од нив 9.122 биле позитивни, додека 19 пациенти починале.

На респиратори во моментов се приклучени 79 пациенти.

Институтот за јавно здравје на Србија соопшти дека задолжителната изолација се намалува од 14 на десет дена за блиските контакти на заразените, односно за членовите на нивните семејства.

Мерката на карантин во домашни услови за сите идентификувани блиски контакти на случаите со ковид-19 ќе се спроведува во траење од десет календарски дена од моментот на последниот контакт, објави Институтот.

Поврзани новости